Талентираната мејкап артистка од Велес се трансформираше во Барби кукла

9 април 2020

Пред нејзинот талент не можете да замижете. Андријана Станковска од Велес, талентираната мејкап артистка која веќе е препознатливо име во својата сфера, на нејзиниот профил на Инстаграм под називот @beautyanica, редовно објавува нови мејкап трансформации што во најмала рака, ќе ве воодушеват.

За нејзиното професионално портфолио веќе пишувавме низ нашите содржин, а она што денеска го ставаме во фокусот, е нејзината нова трансформација во Барби кукла, што вклучува не само шминка за лице, туку и трансформација со мејкап на целото тело.

Го поздравуваме и нејзиниот талент за глума, со оглед на тоа што сите карактери и ликови што ги оживува со шминка, добиваат на дополнителна автентичност благодарение на нејзината актерска игра.

На видеото во продолжение е прикажан целиот процес на трансформација во Барби.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Professional Make Up Artist (@beautyanica) onApr 7, 2020 at 11:58am PDT

Објавено:
9 април 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
610 пати