Талентирано момче со помош на шминка се трансформира во познати ѕвезди!

15 јуни 2015

Ова момче, кое инаку работи како ТВ презентер, стана вистинска Инстаграм ѕвезда за многу кратко време, благодарение на неговата неверојатна моќ за трансформирање.

Профилот на социјалната мрежа на талентираниот Паоло Балестерос е преполн со фотографии на кои тој со помош на исклучителни техники за шминкање, успева да изгледа како некои од најголемите ѕвезди на денешницата.

Последни во серијата фотографии се најдоа девојките од семејството Кардашијан заедно со нивната мајка, помалите сестри и новата Интернет сензација Кејтлин Џенер.

Покрај неверојатната шминка, она со што ова момче секојдневно воодушевува, е тоа што тој користи и различни перики, но понекогаш и целосни стајлинзи за подобро да се долови личноста на оној во кој тој се трансформира.

Последните фотографии што актерот и модел ги објави на неговиот Инстаграм профил, се оние на кои тој ги доловува девојките од кланот Кардашијан, меѓу кои и Ким, Клои, Кендал, Кајли и нивната мајка Крис Џенер.

Најголемо внимание дефинитивно предизвика со трансформацијата во Кејтлин Џенер, за што ќе каже дека кај сите нив, најголемо внимание посветил на нивниот омилен дел од шминкањето – контурирањето.

Досега тој се има трансформирано во некои од најголемите ѕвезди на денешницата и тоа тотално успешно, меѓу кои и Дакота Џонсон, Тејлор Свифт, првата дама Мишел Обама, Елен Деџенерис и многу други.

Погледнете!

Објавено:
15 јуни 2015
Категорија: 
Убавина