Том Форд лансираше кармини со машки имиња

27 декември 2014

Том Форд за припадничките на понежниот пол подготви новогодишно изненадување, спакувано во форма на кармин. Колекцијата е со наслов „Lips & Boys“ и содржи околу 50 нијанси. Интересен факт за оваа колекција е што секој кармин има име по некоја машка личност, која била инспирација за Форд – „Ми се допаѓа идејата да ги именувам кармините со машки имиња. Зошто да се бакнувате со еден маж, кога можете со повеќе?“

Кармините се спакувани во автентично пакување, комбинација од бордо нијанса и златни детали, а самите производи се направени од бразилски путер, екстракт и масло од камилица. Варијацијата на нијансите се движи од беж, црвена, па се до виолетова нијанса. Погледнете го видеото за лансирањето на „Lips & Boys“.

Објавено:
27 декември 2014
Категорија: 
Убавина