Том Форд лансираше козметичка линија за мажи
•
15 ноември 2013
Легендарниот дизајнер Том Форд е веќе познат по својата одлична козметичка линија за жени, а сега одлучи малку од својот шарм да им подари и на мажите.
Имено, дизајнерот лансираше богата колекција на препаративни козметички производи за мажи во која се состојат тоник за лице, хидратантна крема, пилинг, маска, хидратантен балсам за усни, крема за подрачјето околу очите и серум.
Овие производи можат да се набават по цена од 48 до 150 долари, а покрај споменатите производи, Том Форд на мажите им нуди и два декоративни производи, односно коректор и бронзер.
Славниот дизајнер е познат како голем естет, па така за својата кампања за колекцијата на машките козметички производи го избра неодоливиот Кубанец Хуан Бетанкурт.
Прекрасен е, нели?