Топ 5 трендови: Како ќе се шминкаме оваа есен?

14 август 2020

Уште речиси еден месец нè дели од новото годишно време. А со доаѓањето на есента, доаѓаат и нови трендови.

Денеска обрнуваме внимание на она што ќе биде актуелно кога е шминката во прашање.

Во продолжение погледнете кои топ 5 трендови ќе бидат доминантни во претстојните месеци и како ќе се шминкаме оваа есен:

Нагласено руменило

Одберете ја нијансата која најмногу ви одговара и слободно нагласете ги образите. Сепак, внимавајте да процените кога е доволно, бидејќи целта е да изгледате свежо.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by J E S S I C A W I L S O N (@jessicawilsonbeauty) onJun 16, 2020 at 7:21pm PDT

 

Интензивни бои

Ако сте љубител на сенки и смел изглед, тогаш добрата вест е дека во тренд се интензивни бои. Одберете на пример сина сенка на очи, а неутрални усни, или пак жолта сенка со виолетов кармин и ќе постигнете впечатлив изглед.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Makeup Artist Patrick Ta (@patrickta) onJul 9, 2020 at 8:31pm PDT

 

Впечатлив ајлајнер

Оваа есен ајлајнерот ќе биде една од главните алатки од декоративната козметика за истакнување на очите. Извлечете малку подебели линии кои завршуваат во шпиц и ќе добиете секси и драматичен изглед.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Makeup Artist Patrick Ta (@patrickta) onJun 28, 2020 at 8:30pm PDT

 

Бордо кармин

Оваа нијанса на црвено вино ќе биде апсолутен хит есенва. Со нагласени трепки, ќе биде сосема доволна комбинација за истакнување на женственоста и сексапилот. А и жената секогаш мора да има макар една своја нијанса на црвена што ѝ одговара, па можеби оваа е токму вашата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Makeup Artist Patrick Ta (@patrickta) onJun 12, 2019 at 10:41am PDT

 

Металик сенка

Ако сакате да додадете доза гламур во својот изглед, тогаш додадете металик сенка за очи. Сребрените беа вистински хит неколку децении наназад, а сега се враќаат во мода. Ќе направат очите да ви изгледаат покрупни.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by L I A N E C (@lianee) onAug 10, 2020 at 6:56am PDT

 

Објавено:
14 август 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
753 пати