Топ три предлози за свечена фризура и шминка од Elena Luka Hair and Makeup studio

21 мај 2019

Мај е месецот на свечености, месец кој сакаме буквално да блеснеме. Во денешно време, кога претерувањето во сè е примарно, Elena Luka Hair and Makeup Studio ќе посочи на три предлози со кои ќе се истакне природната убавина на жената, а сепак ќе изгледате впечатливо. Исто така, примерите што ќе ги видите прават спој на класичното и модерното, нешто за што од студиото сметаат дека е добитна комбинација за свечени пригоди. Погледнете:

 

#1 Лежерни бранови и нежна шминка

Нежни бранови, со нагласен патец на само една страна е фризура за која се одлучуваат и познати светски ѕвезди. Ефектот ќе биде уште повпечатлив кога косата е нијансирана на суптилен начин, при што се нагласува нејзиниот сјај и негуваност. Лежерните бранови се совршена фризура без разлика на која генерација припаѓате. Тие даваат впечаток дека не сте се труделе премногу, но сепак изгледате средено и совршено - нешто кон што целат дури и познатите светски ѕвезди.

Кога е шминката во прашање, задржен е природниот, нежен и женствен изглед. Од Elena Luka Hair and Makeup препорачуваат кармини во нежни, тонови - од розови до светло виолетови, но секако во склад со остатокот од стајлингот. Сведениот тон на шминката е задржан и кога се очите во прашање. Тие нагласени кај горниот капак, со што нивната форма уште повеќе доаѓа до израз. Со ваков изглед, ја истакнувате природноста и свежината на лицето, со која дефинитивно ќе зрачите. Доколку носите креација во некоја силна нијанса или со специфичен крој, како на фотографијава, со шминката ќе поставите баланс, со кој ќе ги нагласите двете работи на вистински начин.

 

#2 Истакнат патец

Истакнатиот патец, или “залижан“ е една од првите асоцијации за свечена фризура. Оваа сезона посебно е во тренд. Без разлика дали ќе се одлучите за пунџа, како во примерот број еден од фотографијата, или ќе сакате да имате фенирана коса, дури и совршено строго исфенирана, истакнете го патецот, резултатот што ќе го добиете ќе ви се допадне. Поради едноставноста на фризурата, можете да ја нагласите со впечатливи украси. Доколку пак сметате дека креацијата што ја носите доволно впечатлива, тогаш оставете Elena Luka Hair and Makeup studio во целост да се погрижат за вашата коса. За да го имате посакуваниот ефект, ќе треба да имате негувана коса и сјајна, а од студиото можат да ви го овозможат и тоа, па немате ниту една причина да се грижите околу изгледот.

При ваков изглед, односно фризура, од студиото препорачуваат да се нагласат очите. Тука на сцена стапува техниката „Smokey eyes“, со што ќе внесете и малку драматичност во изгледот. Впечатливоста нема да ве одмине, а за што подобар ефект, усните нека бидат во некоја светла нијанса, секако доколку тенот и она што го носите го дозволуваат тоа. Она што е сигурно е дека ќе изгледате секси, гламурозно и впечатливо - што веруваме е и вашата цел!

#3 Високо опавче

Опавчето е класика кога е фризурата во прашање. Ја носат деца - ја носат и возрасни дами. Токму безвременоста дозволува и да се прилагодува на трендовите што доаѓаат и си заминуваат. Веќе сезони наназад, високото опавче не се симнува од листата на најбарани и најпосакувани фризури, а токму тоа е случај и во салонот на Elena Luka Hair and Makeup, па затоа е и еден од нивните топ предлози. 

„Опавчето дава младешки изглед, а воедно и трендовски. Она што ги привлекува жените кај оваа фризура е едноставноста во изгледот, а сепак впечатливоста што ја носи со себе. И додека претходно, опавчињата се врзуваа со украсни шноли, сега се оди на тоа сè да биде средено со косата. Без разлика што носите, високото опавче ќе биде фризура која одлично ќе се совпадне со вашиот стајлинг, тоа е проверена, но тренди варијанта, па затоа и толку посакувана“, велат од студиото.

Кога е шминката во прашање, овој пат предност им се дава на усните. Кармин во богата црвена нијанса или пак некоја виолетова, совршено ќе се вклопи во свечениот изглед. Очите се нашминкани со сенка во нежни тонови, но трепките се истакнати. На овој начин се прави спој на класичниот гламурозен изглед и трендовскиот. 

Студиото Elena Luka Hair and Make up ќе ви ги даде сите потребни совети и тука е да ви овозможи да изгледате онака како што сте посакувале отсекогаш и сте си замислувале. Повеќе информации, како и контакт за резервации на термин може имате и на нивната фејсбук страна ТУКА.

Исто така, во тек се и неколку промотивни понуди, што не смеете да ги пропуштите:

Пакет: Фризура и шминка + трепки = 2.000 денари

 

Со секој купен матурски фустан од етаблираниот моден бренд Elena Luka добивате 50% попуст на пакетот фризура + шминка


Со секој купен матурски фустан од реномираната модна куќа Elena Luka добивате гратис фризура или шминка, по Ваш избор

 

 

Објавено:
21 мај 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.670 пати