Заборавете на беж ноктите и класичниот француски маникир, бидејќи трендот оваа сезона е симбиоза на текстури која ќе сакате да ја пробате.
Францускиот маникир се јавува во различни варијанти, но присутен е секоја сезона. Класичниот - оној каде врвот на ноктот е обоен со бела линија, доби многу нови варијации последниве неколку сезони. Па така, кај некои, белата линија се рефлектираше и на дното на ноктот, кај некои наместо со бела боја, врвот на ноктот се бои во сите бои на виножитото.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Но, она што го освои вниманието на експертите, од сезоната есен 2021, беше маникирот кај манекенките на Прабал Гурун, кој го изработи Џина Едвардс.
Станува збор за нова верзија француски маникир, наменет за дамите со нокти во форма на бадем. Едвардс објаснува дека бадемовата форма е најпогодна за ваков вид француски маникир бидејќи визуелно ги издолжува ноктите и прстите.
View this post on Instagram
Убавината на овој маникир е во комбинирањето на текстури. Така, додека врвот на ноктот е обоен со лак со сјаен финиш, центарот се бои со лак кој има матиран финиш. А боите? Темно црвена и црна. Секако, зошто би чекале до есен за да го пробаме, кога може да се изработи и во некој повесела, светла нијанса како жешката црвена или розе.
View this post on Instagram
Што се однесува до формата на ноктот, Едвардс објаснува дека бадемовата форма е најпогодна за ваков вид француски маникир бидејќи визуелно ги издолжува ноктите и прстите.
Ваквиот тип на маникир се појави во 2013 година од страна на Сен Лорен, а беше инспириран од класичното одело на куќата.