Трендови за убавина за 2014 од модните писти

6 јануари 2014

Fall-Winter-2014-beauty-trend-review-make-up-tips

Пред една модна ревија да почне и да се реализира, визажисти, фризери и нивните многубројни асистенти ( на светската модна сцена), зад сцената ги подготвуваат стотина манекенки кои ќе зачекорат по пистата.

Шминката и фризурата на моделот е еднакво важна колку и креацијата која ја носи. Дополнително се разубавуваат, се нагласуваат одредени делови на телото, се комбинираат боите, па настојуваат секоја година да понудат нешто ново и досега невидено.

Во продолжение ќе можете да прочитате еден преглед на трендовите за убавина кои беа поставени минатата година, а се однесуваат на оваа, поточно на сезона пролет-лето 2014 година.

Џорџо Армани - своите модели ги разубаве со зелена сенка на очите, при што дополнително се нагласува. Косата е благо брановидна и собрана на една страна.

Армани

Долче и Габана - користеа светли и розови нијанси за свеж изглед. Усните се во боја на латици од цвеќе. Бронзерот е нагасен со сончев тен, кој дава младешки и здрав изглед. Очите се нагласени со лесна златна сенка, додека косата е елегантно собрана во опуштени пунџа со златни шноли или украси од цвеќе.

Долче и Габана

Роберто Кавали - се послужи со добриот стар трик, па очите се нагласени со црн алајнер и тоа со тенка и едвај забележлива линија. Косата е благо навиткана, со крупни кадрици и залижана.

Roberto-Cavalli-Spring-2013-makeup

Версаче - се послужи со рокенрол изглед, па вештачките трепки, црната сенка и ајлајнерот се главните елементи. Косата е разбушавена и разделена на средина.

Версаче

Прада - спротивно од Версаче, овој бренд се одлучи за светол изглед и сенки во жолта, виолетова или сива боја. Сенките се ставаат во магловит стил, почнувајќи од внатрешниот агол на окото, кон нанадвор. Сите модели на ревијата имаа руса, црвена и смеѓа боја на коса, која е залижана на страна и прицврстена со шнола.

Прада

Гучи - одлучи акцентот да го стави на златни и бронзени сенки, а образите да ги нагласи со силни бои на руменила. Косата е зачешлана наназад во слободен стил во крупни бранови.

Гучи

Објавено:
6 јануари 2014
Категорија: 
Убавина