Трендовите за фризури постојано се „вртат“ околу плетенките

25 јануари 2014

Неколку сезони наназад, фризурите со плетенки во различна поставеност и форма, се најактуелните од светските модни писти. Тие веќе станаа сигурна варијанта за фризура,  исто како и црните комбинации од изгледот. Применливи за било каква прилика од свечени до секојдневни неформални моменти, плетенките ви се сигурен и полн погодок без никаков сомнеж. Сега веќе се е полесно, пред се зашто можете да ги направите сами без да одите на фризер, дури и за оние покомплицираните можете да погледнете некој туторијал и лесно да ја стилизирате косата. Претстојната пролет, во полн ек ќе бидат многу долгите плетенки, но не се грижете дали косата ви е доволно долга, тука се екстензиите кои одлично изгледаат сплетени со вашата природна коса, ваше е само да ја пронајдете нијансата што одговара на вашата природна боја.

Mara Hoffman Mara Hoffman

 

Од строго собрани до неуредни, сите се актуелни и тренди. Пробајте како најдобро ви стои и заштедете од вашето драгоцено време поминато во средување на косата.

Објавено:
25 јануари 2014
Категорија: 
Убавина