Три ефикасни начини за да ги избелите забите во домашни услови

20 мај 2020

Секако дека стоматологот е тој што може да ја доведе вашата насмевка до совршенство. Тука нема дилеми. Но, оваа состојба на социјална дистанцираност во период на пандемија на Ковид-19, го промени начинот на функционирање, а и работење на многумина.

Во оваа група спаѓаат и стоматолозите за кои оваа ситуација е посебно ризична. 

Сепак, доколку посакувате побели заби и повпечатлива насмевка во тој контекст, постојат неколку начини да си помогнете со намирници што веројатно ги имате во својот дом.

Активен јаглен

Тие што пробале велат дека резултатите се видливи по само неколку дена. Што да направите?

-Капсулата активен јаглед истурете ја на четкичката за заби и тријте ги забите три минути. После тоа, исперете ја устата со млака вода

Сода бикарбона

Содата е еден од состојките во пастите за заби. За избелување на забите, може да се користи на неколку начини, споделуваме дел од нив:

-Четкичката за заби наросете ја во сода бикарбона во прав и темелно измијте ги забите, околу две минути, а потоа исплакнете ја устата.

-Помешајте една супена лажица сода бикарбона со две лажици вода и со таа смеса измијте ги забите. Можете да ја измешате и со паста за заби и така да ја користите. 

-Направете смеса од малку сода бикарбона во прав и малку сок од лимон, и тоа таа смеса исчеткајте ги забите, а потоа исплакнете. Ова повторете го најмногу три пати месечно. 

Кокосово масло

Помешајте 2 лажици кокосово масло со 2 лажици сода бикарбона во стаклена тегличка. За минт вкус можете да додадете и неколку капки етерично масло од нане. Оваа смеса можете да ја користите наместо паста за заби. 

 

Објавено:
20 мај 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
885 пати