Лубеницата е едно од омилените летни овошја кое покрај тоа што е неверојатно вкусно, има супер позитивно влијание на здравјето.
Веќе знаеме дека содржи многу вода, има малку калории и е богата со витамини и минерали кои играат важна улога за здравјето.
Но, покрај овие позитивни работи, лубеницата се користи и како совршено лесна маска за лице во која знаеме дека ќе уживате.
Маска од лубеница и банана
-1/4 мала лубеница
-1/2 банана
-3 капки етерично масло од чајно дрво
Оваа маска е одлична за кожата, особено доколку имате проблеми со акни. Лубеницата масната кожа ќе ја хидратизира одвнатре, истовремено хранејќи ја со витамини. Лубеницата измешана со банана ќе ја навлажни вашата кожа и ќе спречи прекумерно излачување на масти од кожата. Добро измешајте ги состојките, нанесете ја маската и оставете да стои 15 – тина минути. Повторувајте секој втор ден.
Маска од лубеница и јогурт
-1/4 мала лубеница
-2 лажици јогурт со пробиотици
-2 капки етерично масло од лаванда
Во текот на летото на сувата кожа и е потребна посебна нега, особено во жешките денови. Лубеницата не е само богата со вода туку и со витамин А, како и со калиум кој ќе ја ревитализира кожата и ќе ги обнови порите. Јогуртот ќе и ја овозможи потребната влажност, а на кожата ќе делува смирувачки. По третманот со оваа маска, на кожата нанесете малку кокосово масло или хидратантна крема која инаку ја користите.
Маска од лубеница и мед
-1/4 мала лубеница
-1 лажица мед
Овој рецепт е одличен за комбинираната кожа, тип кој е најчест во светот. Т – зоната се масти многу повеќе од останатите делови на лицето, па затоа е и најпроблематична. Лубеницата ќе биде како тоник кој ќе ја навлажни кожата, ќе ги исчисти порите, додека медот ќе ја одржи влажноста и ќе ги смири акните. Оваа маска е малку леплива, па нема да биде лесно да се извади, но бидете трпеливи и полека мијте го лицето.
Извор: Journal.hr