Три супер намирници што ве штитат од сончевите зраци!

19 јуни 2015

Летото е период кога УВ зраците се исклучително јаки и кога е потребно навистина да ја заштитиме нашата кожа од сонцето.

Токму тоа, можете да го направите на многу едноставен начин, односно покрај со производи за сончање, и со консумирање на здрави производи и намирници кои делуваат како природна крема за сончање.

Чоколада

Истражувањето што го спроведе еден британски научник, дефинитивно ќе израдува многу љубители на овој омилен десерт! Токму чоколадото, содржи висок процент на какао и делува како вистинска крема за сончање. Имено, кожата на испитаниците кои консумирале по 20 грама црно чоколадо во текот на 12 недели, била значајно поотпорна на сончеви изгореници, од кожата на оние кои не консумирале чоколадо. Ова слатко задоволство е богато со флаванол кој е моќен антиоксиданс, што на природен начин ја штити кожата и ја прави отпорна на УВ зраците.

Зелен чај

Ова е уште еден одличен антиоксиданс што го штити нашето тело, а со самото тоа и нашата кожа. Само една чаша од овој здрав пијалок, ја прави кожата отпорна на сончевите зраци за дури 25 проценти – покажа истражувањето спроведено на одреден број жени кои пиеле зелен чај 12 недели.

Домати

Освен тоа што е неверојатно вкусен, а со готвењето не губи од неговата вредност, доматот е голем пријател на нашата кожа. Истражувањето спроведено во Велика Британија покажа дека со консумирање на само еден поголем домат дневно, се зајакнува отпорноста на кожата од сончевите зраци, што значи дека доматите делуваат како крема за сончање со заштитен фактор!

Објавено:
19 јуни 2015
Категорија: 
Убавина