Три TikTok трендови за шминка што ќе ја променат вашата рутина за убавина

29 јули 2022

Веќе не е никаква новост дека речиси секој тренд кој владее со светот на модата и убавината во последно време се раѓа на TikTok, па така и овие три трикови за нанесување шминка кои нудат толку добри техники за постигнување свеж и беспрекорен изглед, наедно кратејќи го времето потребно да се подготвите наутро.

Она што е најважно да се запамети кога следиме трикови споделени на социјалните мрежи е дека тоа се најчесто совети од лаици, а не професионални дерматолози, козметичари и артисти за шминка, па затоа секој од овие трендови земете ги со доза претпазливост.

Не секој од овие трикови одговара на сечија кожа, а фактот дека треба да користите исклучително квалитетни и проверени производи е нешто што не смее да се занемари.

Во случај да е сè во ред, веруваме дека овие три трендови за шминка имаат моќ да ја променат вашата рутина за убавина на многу подобро.

 

Контурирање со кармин

@lenkalul trying the douyin blush trend would you try it? ib @liza #douyin #blush #makeuptrend ♬ stereo love - 444

Црвениот кармин може да стане вашата нова омилена алатка за контурирање на лицето со кој ќе постигнете неодоливо романтичен летен изглед. За оваа техника идеален е потенок кармин, со кој можете полесно да контурирате, но можете да користите и четка за попрецизно исцртување на контурите.

 

Пудра + хијалуронска киселина

@daphsierra Amazing trick to get flawless base #makeup #makeuproutine #makeover #fyp #foundationhack #makeuphack ♬ Yo Voy - Zion y Lennox

Комбинацијата од пудра и хијалуронска киселина е идеална за сува кожа, но и за време на летните денови кога на кожата ѝ е потребна дополнителна хидратација. Измешајте мала количина на хијалуронска киселина заедно со вашата омилена пудра за да постигнете свеж изглед и лесна текстура на шминката.

 

Лепак за трепки наместо гел за веѓи

@chloemorello This is SO good for special events or unruly eyebrows! Only comes off with something oily I used Duo ‘brush on adhesive’ & @tweezerman spoolie! #browhacks #makeuphacks2022 #makeuphack ♬ original sound - Makeup & beauty with Chloe

Иако многу дами се воодушевени од овој тренд, не можеме со сигурност да кажеме дека е идеална замена за гелот за веѓи. Имено, доколку сакате да го испробате овој тренд, многу е важно да дејствувате многу брзо, и автоматски да ги чешлате веѓите по нанесувањето на лепилото, како што би правеле со обичниот гел.

Објавено:
29 јули 2022
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
501 пати