Три ултра модерни фризури кои се прават за пет минути

17 септември 2014

Доколку имате долга коса знаете колку е тешко понекогаш да најдете време за таа секогаш да ви биде уредно исчешлана, измиена и средена. Миење, сушење, фенирање, пеглање, виткање и што ли уште не. Секако дека повеќето дами тој саат време би го потрошиле на други активности, или пак едноставно би излегле заедно со друштвото во град. За да ве спасиме од макотрпното одржување на косата и правењето фризури денес ќе ви покажеме четири брзи ефикасни и модерни начини како секогаш да имате убаво средена и трендовска фризура во секоја пригода.

Лажна круна

Поделете ја косата на половина на два исти прамени и исплетете плетенки. Во долниот зацврстете ја косата со ластик. Дигнете го едниот прамен на врвот од темето и зацврстете со шноли, истото направете го и со другата половина од косата. Кога ќе се спојат двете плетенки ќе добиете лажна круна во вид на венче кое може да го украсите со некој интересен и дискретен цветен детаљ.

Холивудски гламур

Кој не го обожава Холивуд? Златното време на вистинските диви и префинетиот вкус. Направете патец на едната страна од косата, потоа зачешлајте ја косата и пренесете ја на едното рамо. Зацврстете со ластик за коса и низ ластикот протнете марама. Додатно зацврстете ја марамата на начин што ќе почнете да плетете плетенка. Уште една фризура која ќе ви одземе само 5 минути време.

Фризурата на амазонките

Понекогаш фризурите знаат да изгледаат многу комплицирано, а во суштина се мошне едноставни. Веруваме дека истото ќе го помислите и кога ќе ја видите наредната фризура, но ќе видите колку лесно ќе ја подготвите. Почнете од косата над челото, така што ќе одвоите прамен во форма на триаголник. Завртете го и заврзете го во јазол. Остатокот од косата заврзете во јазли на истиот начин, се додека не дојдете до крај. Ако веќе ви е здодевна класичната плетенка, пробајте го овој начин и средете ја косата како амазонка. Брзо, едноставно и урбано.

 

Објавено:
17 септември 2014
Категорија: 
Убавина