Триковите за убавина на нашите баби

9 јуни 2023

Факт е дека нашите баби живееле во свет којшто не можеме да го споредиме со денешницата.

Животот можеби бил тежок, но стресот го немало, работите се одвивале со забавено темпо.

Денес постојано брзаме, стресот е пуштен на најјако, се тркаме со времето и пак не можеме да постигнеме со обврските.

Можеби сето ова се одразува и на нашиот изглед, па посегнуваме по разно разни (не)проверени препарати за нега на лице и кожа.

Нашите баби тоа го правеле малку поинаку. Немало палета на производи за кожа, немало хемикалии, па затоа се служеле со она што природата им го дава. Старееле природно, а кожата им била здрава и мека.

Она што го ставале на лицето бил микс од домашни производи, а еден таков е следниов...

Промешајте една лажица брашно од јачмен, белка и малку мед. Оваа смеса нанесете ја пред спиење на местата каде што имате брчки и покријте ја маската со марамче.

Наутро исчистете го лицето со памук натопен во млако млеко. Потоа измијте го лицето со топла, па со ладна вода.

Уште еден трик... Кога нанесувате крема на лицето, правете го тоа од доле, па нагоре. На овој начин правите и мала лифтинг масажа на кожата.

Сапунот е најверен пријател за нега на лицето, но потрудете се тоа да биде од проверени состојки и оптимална PH вредност.

Би било одлично ако имате прилика да користите домашен сапун или пак самите да си направите. Вака ќе го одбегнете сушењето на кожата, а истата ќе добие мекост и сјај.

По чистењето на кожата, не го заборавајте хидратантниот крем.

Фото:Pinterest

Објавено:
9 јуни 2023
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.271 пати