Tуторијал: Тајната на совршени „smokey eyes“

5 декември 2014

За  претстојниот викенд, професионалниот тим визажисти од модната куќа Елена Лука, понуди драматичен, а сепак впечатлив изглед, кој е идеално решение за вашите вечерни пригоди. По нанесувањето на основата и тонирањето на лицето, прво се шминкаат очите, а во конкретниот случај, се користеа земјени тонови за нивно истакнување. По постигнувањето на ефектот, се става маскара за дефинирање на трепките.  ИН оваа сезона е здебелувањето на веѓите, а за визуелно поголеми усни, користени се руменила во две нијанси – кафена од надворешната страна и бела од внатрешната. За крај, на образите нанесете руменило со бронзен ефект.

Објавено:
5 декември 2014
Категорија: 
Убавина