„Undercut“ манијата владее кај женските фризури

19 февруари 2014

„Undercut“и „sidecut“ фризурите пред се, се поврзуваат со осумдесеттите години и Дејвид Боуви, а од пред неколку сезони оваа фризури стана омилена меѓу познатите ѕвезди. Интересен е преминот од панкерските кругови до тренд на модните писти и црвените килими, а избричениот дел од косата веќе не е наменет само за експериментирање со машките фризури.

Оваа сезона модните престолнини беа преплавени со ваквиот тип на фризури и тоа не само на модните писти, туку застапена беше и кај уличните стајлинзи и модните блогерки. Доколку сакате да направите голема промена на вашата коса и секако доколку имате доволно храброст за тоа, ние ви ја препорачуваме „undercut“ фризурата, која доколку не сте сигурни како ќе ви стои може да пробате со сплетување на цврста плетенка на едната страна. Во секој случај стилиризираните фризури се одлик на младешкиот дух и бунтовност и токму за тоа овој тренд ги освои симпатиите на трендсетерките.

Објавено:
19 февруари 2014
Категорија: 
Убавина