URIAGE Xemose линија за нега на СУВА КОЖА – дочекајте ги студените зимски денови подготвени!

22 октомври 2019

Сувата кожа настанува како последица на промени во кожната бариера предизвикани од надворешни фактори: употреба на детергенти и хемикалии, климатски услови (сув студ), после изложување на сонце и сончање и како резултат на конституционални фактори и возраст.

Исто така сува кожа може да се појави и како последица на патолошки состојби на кожата.

Симптомите на сува кожа се следните: лупење на кожа, чешање, пецкање, чувство на нелагодност, црвенило.

Со доаѓањето на есента и студените зимски денови, кожата станува сува и потребна е специфична нега на истата. Надворешните иритирачки фактори можат да доведат до дисбаланс на процесите во кожата и да резултира со појава на сува кожа која се перути, чеша, пецка и во најсериозна форма пука и крвари. 

Наша препорака за третирање на сува кожа се производите на Xemose линијатa на Uriаge кои активно и успешно се справуваат со промените на кожата.

Xemose линијата за нега и хигиена на сува и многу сува кожа, успешно ги корегира симптомите преку специфични регулирачки патентирани механизми, ја обновува и штити кожната бариера, ја прави кожата мека и нежна и ја зголемува нејзината хидратација.

Xemose производите за нега на сува кожа имаат моментално смирувачко дејство преку делување на липидите во кожата одговорни за смирување на инфламацијата и долготрајно дејство преку делување на кожната бариера: микробиолошка, имунолошка и преку делување на микробиомот.

За хигиена на кожа препорачуваме миење на кожата со Xemose синдет или Xemose маслена  купка, за нега на лице Xemose крем додека за нега на тело емолиентен крем против иритации, маслен балзам кој содржи и млеко и масло во својот состав и за најсериозна форма на сува кожа го препорачуваме Xemose Cerat кој содржи најголема концентрација на shea Butter од 25%. 

Препорачана дневна рутина:

Одржувајте  ја  хигиената на кожата со едно од наведените средства за хигиена, а потоа нанесете крем, балзам или церат на телото во зависност од степенот на сувост на кожата.

Дочекајте ја зимата подготвени со Xemose производите на Uriage.

*Комерцијален текст

Објавено:
22 октомври 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
768 пати