Вадење на шминката пред спиење - задолжително!

26 февруари 2014

Според последното истражување чии резултати беа објавени Дејли Мејл, дури третина од жените заспиваат со шминка два пати неделно и покрај тоа што знаат дека мејкапот ја суши кожата, го забрзува процесот на стареење на кожата и создава мозолчиња.

За да ги испита последиците од невадењето на шминката, новинарка на Дејли Мејл месец дена не го чистела лицето навечер, туку само еднаш во денот и тоа наутро кога се спремала за одење на работа. За да ги забележи промените на кожата и помогнал стилистот Ник Синклер со помош на 3Д камера. Резултатот бил пигментација, испукани вени и зголемени брчки на лицето

Во период од еден месец, новинарката секојдневно на лицето нанесувала пудра, молив за очи, маскара и сјај на усни. По завршувањето на експериментот, текстурата на лицето и била влошена за 10%, а влажноста на кожата и била намалена за 5%. Поради сушењето на кожата се зголемиле брчките, а со тоа и кожата била склона кон создавање на црвенила .

Крајниот заклучок е дека за месец дена невадење на шминка, кожата биолошки изгледала постара за 10 години. Па девојки, добро размислете дали наредниот пат ќе си легнете со шминка на вашето лице.

Објавено:
26 февруари 2014
Категорија: 
Убавина