Вака изгледа најскапиот парфем на светот

6 октомври 2014

1412356160622_Image_galleryImage_No1_Passant_Guardant

„Хародс“ го одбележа отворањето на одделот за парфеми (Salon de Parfum) и тоа на најскап можен начин. Имено, на ова место ќе се продаваат шишенца од најскапиот парфем на светот. Се работи за пафемот на Кристијан Клајв „No 1 Passan Guardant“, а чини неверојатно 182.475 евра!

Како и да е, специјалното издание на овој парфем од 30 милилитри, ќе можат да го купат само оние навистина богатите. Инаку, вообичаеното шишенце од парфемот чини 575 рва, но ова специјално издание е особено скапо поради скапата амбалажа.

Кристалното шишенце чија надворешност е прекриена со рачно изработена тантела од 24-каратно злато е добро оправдување за цената. Златното капање е во облик на круна, а овој дизајн води потекло уште од 1872 година и е своевиден омаж кон кралицата Викторија.

На капачето-круна се додадени и бели дијаманти, а нивниот вкупен број на шишенцето изнесува 2.000. На предната страна пак, се наоѓа мотив на лав, чиј јазик пак, е изработен од редок дијамант во розова боја.

„Сакав да  направам навистина единствена, уникатна изработка на шишенце, за да го одбележам ова посебно случување“, изјави Клајв.

Објавено:
6 октомври 2014
Категорија: 
Убавина