(Видео) Тони Брекстон без шминка за „Вог“ откри несекојдневна алатка за нега на лице

1 август 2020

Новата гостинка на магазинот „Вог“ во рубриката убавина е познатата пејачка Тони Брекстон. Таа од својот дом, специјално за онлајн изданието на магазинот, се појави без шминка и покажа како изгледа нејзинот процез на нега на лице и шминка и кои производи ги користи.

Но, 52-годишната музичарка успеа да ги изненади сите со една своја „бјути“ тајна.

Имено, освен кремите за хидратација и против брчки што ги користи околу очите, таа употреби вибратор.

„Да, знам дека е вибратор, но јас го користам за масажа на мускулите на лицето и да нагласам, не сум го користела за ништо друго освен за тоа“, рече пејачката.

Покрај тоа, Брекстон пред камера се обиде да си стави вештачки трепки, што беше непредвидливо, но на крај успешно.

Во продолжение погледнете го целото видео, кое предизвика големи рекации во јавноста:

 

Објавено:
1 август 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
257 пати