Видео: Вежбаме со Таљат од „Преспав“

13 април 2020

Таљат од „Преспав" поседува многу таленти, па не нè изненади и фактот што тој има одлични предиспозиции за фитнес инструктор.

Актерот Дритон Вејсели, кој го игра ликот на Таљат во популарниот ситком, на забавен начин ни покажа неколку корисни физички вежби во рамките на емисијата „ТВ училница" од образовната програма на националниот сервис.

Преку неговиот препознатлив хумор, тој нè потсети да не ги занемаруваме физичките активности, па дури и во вонредни услови. Напротив, еден дел од денот да посветиме на неколку основни вежби за одржување на физичката кондиција.

А еве како тоа го прави омилениот Таљат кој во својот тренинг вклучи и неколку вежби со назив: макарена, вртоглавици, мамбо, возење голф...

Објавено:
13 април 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.215 пати