Викенд-расположение: Направете си домашно спа-уживање

4 јуни 2020

Со оглед на тоа дека не чека продолжен викенд, но во нашите домови, ние имаме идеја како стресот и негативните вести на кои сме изложени секојдневно, да ги канализирате - направете си домашно спа-уживање.

Викендот дома и не мора да биде така лош нели?

Тушот заменете го со купка во када (доколку кадата не сте ја смениле со туш-кабина)

-Миризливи свеќи - направете си совршена атмосфера. Одберете си го омилениот мирис и препуштете се на уживањето.

Маска за коса - времето во када искористете го за нега на косата - нанесете некоја хранлива маска и држете ја околу 20 минути.

Пилинг - Лицето подгответе го така што со пилинг ќе го освежите и ќе наесете пилинг средство односно маска. Истото сторете го и со пилингот за тело.

Маска за лице - Сосема филмска сцена, но навистина е нешто на што лицето ќе ви биде благодарно. Можете да ставите хартиени маски, или претходно да си направите некоја од свежи состојки и додека уживате во када, да го негувате и лицето.

Лосион за тело - Топлата вода е супер за релаксација, но може да ја исуши кожата на телото. Кога ќе завршите со купката, не бришете ја кожата, туку само „тапкајте" со крпата, нека остане малку влажна, а потоа нанесете богат лосион или крема, подобро ќе впие. Во зависност од типт на кожа можете да користите и масло, за тоа кожата треба да ви е сува и добро да размачката за кожата убаво да впие.

После ваков третман ќе се чувствувате лесно, миризливо и убаво. Направете си го омилениок пијалак, пуштете си филм или серија и искористете го викендот максимално.

 

 

Објавено:
4 јуни 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.132 пати
Тагови: 
спа