Викторија Бекам е новата омилена дама во светот на козметиката

18 септември 2019

Познатата дизајнерка и бизнисменка Викторија Бекам деновиве му ја претстави на светот нејзината козметичка компанија едноставно наречена „Victoria Beckham Beauty“, а со тоа и првата колекција фантастични шминки.

Vogue

Таа ќе каже дека стартувањето на ваква компанија во 40 – тите за неа е исклучително ослободувачки и ѝ дава поголема самодоверба од било што друго.

„Има нешто многу ослободувачко во тоа да се прифатиш себеси онаков каков што си на 45 години, да се чувствуваш самоуверено и задоволно“, изјави Викторија за Glamour.

Таа додава и дека компанијата ја започнала со една мисла, да му покаже на светот дека сите треба да се чувствуваат како најдобра верзија од себеси и да се грижат за она што го имаат покрај себе.

Glamour

„Знам дека како и сѐ што правам, така и ова ќе наиде на критики, но нема да дозволам тоа да ми застане на патот. Јас сум многу позитивна личност, а ако ја внесеш таа енергија во сѐ што правиш, ќе биде супер“, додава таа во интервјуто за магазинот чија насловна ја краси.

Во интервјуто говори и за тоа дека си ги сака брчките, па поради тоа и не дозволила истите да бидат фотошопирани во едиторијалот.

Glamour

„Сакам да им кажам на луѓето дека треба да се прифатат онакви какви што се. Да, јас имам брчки и тоа е ок“, додава Викторија.

Објавено:
18 септември 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
510 пати