Виножито во коса: техника за најхрабрите кои сакаат да експериментираат со стилот

22 јули 2020

Вибрантно, колоритно и свежо – летната сезона изгледа многу позабавно во боја.

И ова може да се примени во секој сегмент од животот – од уредувањето на домот до трансформација во стилот, што ќе вклучи повеќе боја отколку што досега сте навикнале да носите.

Ако сте расположени за таква, летна трансформација во вашиот имиџ, а притоа имате доволно храброст да експериментирате со многу боја, тогаш зошто да не почнете од косата?

Руската стилистка и фризерка Снежана Виниченко создава ремек дела од фризурите на своите клиенти, што потсетуваат на интензивно виножито отсликано во коса.

На нејзиниот профил на Инстаграм, што патем е исполнет со богато колоритни фотографии, таа има речиси половина милион следбеници, што укажува дека ваквата техника ужива голема популарност.

Впечатокот за ваквиот тип на фризури може да биде различен, но никако монотон.

Би се осмелиле ли на ваква промена?

Извор: Bored Panda

 

 

Објавено:
22 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
205 пати
Тагови: 
коса фризури