Визажистот на Бијонсе задолжен за шминката на новите „Барбики“

21 декември 2020

Сер Џон е еден од најпознатите визажистви на светската јавна сцена. Се грижел за шминката на голем број познати дами,а меѓу нив е и Бијонсе.

Но, оваа година нема да ја заокружи шминкајќи некоја позната ѕвезда, туку една соработка за која ќе каже дека пред се' треба да бидат во служба на девојчињата и девојките.

Имено, од брендот „Барби“ го ангажираа Џон да ги нашминка најновите кукли во нивното семејство.

Визажистот осмисли шест варијанти за тоа како Барбика може да изгледа, вклучувајќи разни текстури и бои.

„Ми се допаѓа што низ овие Барби кукли, девојчињата ќе можат да научат нешто за себе, да замислат што сакаат да бидат кога ќе пораснат. „Барби“ досега ја имало во контекст на преку 200 професии. А овој проект е значаен, бидејќи во фокус се става различноста, дека секоја кукла, односно девојче е убаво на свој начин и дека различноста треба да се слави - потенцира визажистот.

Новите „Барби“ кукли се со различни фризури, „Барби“ нема веќе само долга бујна коса, туку и куса, кадрава, а доаѓа во различни облици на лице и боја на кожа, па во склад со сето тоа, тој ја осмисли и шминката и прикажа како тоа би изгледало и на реални девојки

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by S I R J O H N (@sirjohn)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by S I R J O H N (@sirjohn)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by S I R J O H N (@sirjohn)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by S I R J O H N (@sirjohn)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by S I R J O H N (@sirjohn)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by S I R J O H N (@sirjohn)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by S I R J O H N (@sirjohn)

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by S I R J O H N (@sirjohn)

 

 

Објавено:
21 декември 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
493 пати
Тагови: 
барби Бијонсе