Во чест на Елвис Присли и Џејмс Дин

29 јуни 2013

Иако овие фризури претставуваат „дежа ву“ за наште родители, всушност ова се свежи кадри од бекстејџот на ревија  пролет – лето 2014година  во склоп на модната недела во Лондон.

 

 

Мажите кои редовно ги следат трендовите кога се фризурите во прашање, очигледно немаат друг избор туку да се вратат назад во времето. Периодот на рокенролот, а заедно со него и безвременските икони,  Елвис Присли и Џејмс Дин играат главна улога за овој тренд на машка фризура. Косата повторно е пократко потстрижена позади и околу делот на ушите, а од темето паѓаат прамени кои треба да бидат во форма на бран дигнати над челото со формирана голема локна.

 

 

Овој модерен стил од 1950-те денес повторно се враќа во мода. Добрата вест е дека оваа фризура не е комплицирана и секој може и сам да ја направи. Ви треба гел, лак за коса, пења и фен. Откако ќе ја измиете косата ја сушите со фенот, нанесувате или пења или гел, но подобро е пења заради волуменот и  продолжувате со фенирање на предниот дел. За да го сторите тоа ви треба тркалезна четка. Откако ќе го постигнете саканиот ефект, нанесувате лак за коса, како вашата фризура би ја задржала оваа форма подолго време.

 

 

Холивудските ѕвезди веќе почнаа да го носат овој нов тренд на машки фризури. Имено Дејвид Бекам се појави на насловната на машкото списание  Men's Health токму со фризура во овој стил.

 

Објавено:
29 јуни 2013
Категорија: 
Убавина