Време е за промена на фризурата

24 август 2016

Велат, жените кога сакат да прават промени, тргнуваат од косата. Па, ако сте во некоја таква фаза од животот, кога ви треба промена, есента и косата се совршена комбинација за да го направите тоа.

Во продолжение ќе ве потсетиме на три наједноставни начини како да го направите тоа. На сите ви се познати, можеби сте ги практикувале, можеби само сте планирале, а не сте се осмелиле, но како и да е, се надеваме дека со фотографиите ќе ви дадеме идеја и ќе ве „намамиме“ на некоја промена.

 

Шишки

Наједноставен начин да внесете промена во изгледот. Многу жени ги сакаат бидејќи стручњаците велат дека подмладуваат. Речиси и да нема сезона кога не се во тренд, а ако барате инспирација, тогаш Французинките се вистинските жени за тоа.

 

 

Прамени

Ако не сакате да ја бојадисувате косата, а сепак не сакате ни да ја задржите веќе актуелната боја, тогаш прамените се вистинскиот избор. Последниве сезони се актуелни оние во суптилни нијанси, така што при „прелевањето“ со вашата природна боја или веќе постоечка, ќе се добие сосема природен премин и изглед на вашата коса.

 

 

Боб

А ако сте од оние што подрастично ќе пристапат кон промените и ќе ја скратат, тогаш нека биде боб. Практична и актуелна фризура, која можете да ја носите на многу начини.

 

Објавено:
24 август 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
5.032 пати
Извор: 
journal