За сите идни невести - тренди фризура со бисери

15 февруари 2023

Сезоната на венчавки ќе дојде за некој месец, што значи идните невести треба полека, но сигурно да ги дефинираат своите замисли за свадбата од соништата.

Покрај избор на венчаница, исто толку важна е и фризурата која заедно со шминката може да направи чуда на овој посебен ден.

Кога зборуваме за трендови, она што ќе ги одбележи невестинските фризури оваа година се бисерите. Токму тие се вистинкиот избор кога сакаме да постигнеме префинетост и да ја истакнеме женственоста.

Иако се минијатурни, тие ќе внесат елеганција во секоја фризура, без разлика дали косата ќе остане пуштена или ќе биде собрана.

Бисерите ќе може да ги комбинирате со останатите додатоци, како венчиња, впечатливи обетки и слично.

Доколку сè уште не сте одлучиле за фризура, може треба да им дадете шанса токму на овој моден детал.

 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Hairdo (@hairdousa)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by C E S C A (@____cesca____)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kasia Fortuna (@kasia_fortuna)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kasia Fortuna (@kasia_fortuna)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Kasia Fortuna (@kasia_fortuna)

Објавено:
15 февруари 2023
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.618 пати