За цело лето: Освежителни и мирисни производи од Lush

10 јули 2020

Сите веруваат дека потта е лоша, но тоа е природниот начин на ладење на вашето тело. И покрај она што можеби го претпоставувате, самата пот нема непријатен мирис! Тоа се бактериите што се развиваат на топло, влажно место што прави да мирисате лошо. Нашите деодоранти не го спречуваат потењето, тие го балансираат потењето во текот на денот и го неутрализираат непријатниот мирис преку апсорпција на вишок на влага и се тотално без синтетички конзерванси или алуминиум. Тие имаат абсорбирачка основа од сода бикарбона која потоа ја парфимираме со прекрасни, свежи, природни есенцијални масла и луксузни пудри.

Lush има цела палета производи совршена за лето, кои ќе ви обезбедат соодветна нега со фантастичен мириз.

Пробајте ги производите кои се апсорбирачки и матирачки и ќе ви помогнат да ја задржите свежината на целото тело преку целиот ден.

А во продолжение дел од асортиманот:

AROMACO – Стик деодорант

Замисли го овој деодорант како регуларен стик, но без сето непотребно пакување. Само протриј го под чисти суви пазуви и трк надвор! Апсорбирачката сода бикарбона и див лешник за контрола на потењето, а антибактериските оцет од камилица и разладувачкото пачули ќе остават сладок мирис.

 

THE GREENCH – Деодорант во прав

Содржи рузмарин со чајно дрво и масло од мајчина душица за да ве остави со  прекрасен мирис на летна градина полна со тревки.

 

DIRTY – Деодорант во прав

Освежете се со нане, кристали од ментол и пеперминт кои ќе ви помогнат да останете кул без оглед на ситуацијата.

Сите LUSH деодоранти во прав содржат една магична состојка, Ликоподиум пудра. Таа е толку многу ефективна што кога доаѓа во допир со вода не се навлажнува.

Ако сакате опција без пакување, ние и за тоа имаме решение: T’EO е цврст деодорант полн со свежо зелено грозје, антибактериско чајно дрво и освежувачки бобинки од смрека и лимон.

 

ЦЕЛОСНО МЕКО ТЕЛО

Нанесувањето на пудрата SILKY UNDERWEAR на целото ваше тело ќе  направи да се чувствувате попријатно, а и да го спречите триењето на кожата со пченкарното брашно и фер тргуван органски какао путерот. Исто така, ќе ви остави суптилен, но сепак сензуален парфем од јасмин.

 

СУВИ И СВЕЖИ СТАПАЛА И ПОКРАЈ ЖЕШТИНИТЕ

Дури и во сандали, летото може да ги направи вашите нозе испотени и да остави лоша миризба. Брзо протресување на стапалата од оваа пудра T FOR TOES може да го реши вашиот проблем. Полна е со апсорбирачка каолин глина и сода бикарбона. Само нанесете малку врз стапалата, или во вашите обувки за инстант освежување со масла од лајм и чајно дрво.

 

НЕ ЗАБОРАВАЈТЕ ГО ВАШЕТО ЛИЦЕ

Топлината и влажноста можат да ја уништат вашата шминка, оставајќи ве со непријатно чувство. Но, без паника, MAGICAL MORINGA е тука. Овој прекрасен балзам за лице содржи луксузен арган, масло од моринга и масло од ружино дрво за да и ја даде потребната хидратација на кожата. Исто така, го впива вишокот на маснотии во текот на денот и е одлична подлога за вашата шминка благодарение на свиленкастото, матирачко пченкарно брашно.

 

*комерцијална објава

Објавено:
10 јули 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
432 пати