Забава без шминка на Гвинет Палтроу со девојката на Кијану Ривс, Кејт Хадсон, Деми Мур...

21 февруари 2020

Познатата актерка која има и своја козметичка линија „Гуп“, Гвинет Палтроу, неодамна организираше забава, на која поканетите доаѓаат без шминка.

@owenkolas;

 

@goop;

Уметницата Александра Грант, која пошироката јавност ја запозна како девојка на Кијану Ривс, потоа Рејчел Зои, Деми Мур, Кејт Хадсон, беа само дел од присутните.

Преку социјалните мрежи Палтроу го изрази задоволството што ја имала можноста да ја интрвијура Александра Грант, која ја смета за една од најбрилијантните и најталентирани уметници и луѓе, а за целта ѝ била да направи собирање кое ќе ја слави убавината, онаква каква што доаѓа.

@gwynethpaltrow

@owenkolas

„Без шминка, без филтер. Совршено собирање на некои од најдобрите жени на планетата“, напиша актерката во друга објава.

Оваа нејзина идеја и фотографии од познатите дами, и тоа од различни возрасти, но сепак доминираат оние од 40+ години, а на социјалните мрежи изобилуваа позитивни коментари за овие фантастични жени.

Најголем број комплименти отидоа на сметка на лицето на Деми Мур (57).

@theworldsbestevents;

@fernandogarciam1205;

Синди Крафорд еднаш изјави „Јас и кога немам шминка, личам на Синди Крафорд“, а токму тоа примерот што треба да се следи.

Во свет полн со девојки и жени кои се стремат кон идентична естетика, бидете како овие на фотографиите, кои се негувани, убави, но пред сè свои, со изразена индивидуалност.

@goop;

@theworldsbestevents;

@gwynethpaltrow;

@owenkolas

@gwynethpaltrow

@gwynethpaltrow;

@goop;

@gwynethpaltrow;

@samantharonson;

@theworldsbestevents;

@goop;

Објавено:
21 февруари 2020
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.645 пати