Зајакнете го имунитетот пред студената зима

12 ноември 2016

Постојат луѓе кои ја обожаваат зимата, но и такви кои истата сакаат да ја поминат дома сѐ додека некој не им соопшти дека дошла пролет.

Без разлика дали ја сакате или не, факт е дека таа ќе дојде, ќе биде студена, а вие ќе мора да си ги завршувате сите обврски кои ги имате во сите годишни времиња.

За да се заштитите од сите настинки и вируси кои владеат во текот на студената сезона, она што задолжително мора да го правите е добро да го зајакнете имунитетот и да го заштитите организмот од секакви бактерии.

Веќе знаете дека тоа најдобро ќе го постигнете со консумирање на многу овошје и зеленчук и здрави намирници, а во продолжение читате за некои од задолжителните.

Слушајте го своето тело

Најлесно ќе го заштитите своето тело ако почнете добро да го слушате. Ако чувствувате дека ви е потребна дополнителна доза витамини и добар сон, направете го тоа, немојте да го игнорирате телото бидејќи подоцна ќе жалите. Во текот на зимата никако не заборавајте ги свежите лимони, портокали и мандарини кои се совршен извор на витамини кои ви се потребни. Наполнете еден сад со овошна салата надополнета со мед, наместо чипсот со кој секоја вечер уживате да ги гледате омилените серии.

Внесувајте многу витамин Ц

Потребата на организмот од витамин Ц и неговото редовно консумирање е нешто што секој човек на планетава го слуша барем два пати во текот на денот. Она на што треба да внимавате е не само да внесувате витамин Ц, туку и како го внесувате. Наместо шумливите таблети и капсулите, обидете се да консумирате здрави намирници што го содржат овој витамин. Во исхраната задолжително вметнете го свежиот лимон, шипките, брусницата, секаков вид црвено овошје и уште многу други производи кои знаете дека природно содржат витамин Ц.

Запознајте го здравото масло од оригано

За време на сезоната на настинки и грип, обидете се во исхраната да го вметнете и маслото од оригано како едно од најмоќните антибактериски лекови. Освен за зајакнување на имунитетот, ова масло ќе делува и против инфекциите и добро ќе се одрази на вашата кожа, коса и нокти.

Здрави супи со коски

Супите со коски од разно месо во светот се едни од најпопуларните. Веруваме дека барем еднаш неделно на вашето мени имате супа, но обидете се истата да ја правите на овој начин. Богатиот вкус во комбинација со протеините од месото и здравите масти и минералите позитивно ќе влијаат на зајакнување на вашиот имунитет.

Популарниот ѓумбир

Секогаш најздравите работи доаѓаат во мали пакувања. Неколку голтки од чајот или напивките од ѓумбир инстантно ќе му помогнат на вашиот организам. Консумирајте ја оваа напивка редовно за да го подобрите имунитетот. Неколку пати во неделата направете си чај од ѓумбир со лимон и цимет и уживајте во една од најубавите напивки во текот на зимата.

Извор: Journal.hr

Објавено:
12 ноември 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.181 пати