Заштита на косата од топлината на фенот, пресата и фигарото

23 април 2013

Комбинацијата на топлината и хлорот во водата во загадените животни средини го прават своето и вие просто се вртите во еден магичен круг. Од една страна од вас се бара да имате средена фризура, а од друга страна, сакате да имате здрава коса. Тешко е да се направи баланс, но доколку се пронајдовте во овој текст, тогаш тој ќе биде корисен за вас.

Топлината предизвикува расцветани врвови, Frizzy ефект и кршење на влакното

Поголемиот дел од жените сметаат дека купувањето на скапи апарати е доволна сигурност дека ќе добијат максимална заштита од топлината. Треба да знаете дека и ефтините апарати може да ви завршат работа. Секој производ содржи силикон, растворен во вода или масло во различни количини. Исто така содржат пантенол, хидратантни протеини и конзерванси. Овие производи може да се најдат во форма на спрејови, серуми, лосиони, креми и гелови.

Карактеристики на квалитетните производи за заштита од топлина:

-          Производот мора да биде лесен

-          Производот не смее да остава лепливи траги на косата

-          Треба да се активира при топлина

-          Мора да содржи хранливи компоненти за косата

Разликите се интересни. Оние кои содржат вода се полесни како некој вид регенератор, а  оние кои воопшто не содржат вода, се во вид на серум. За превенција од топлината може да користите производи кои содржат глицерин или пропилен гликол.

zastita-kosa-fen-presa-figaro-1

Намалете го процентот на оштетување од топлината на феновите и пресите

Прво е потребно да ја припремите вашата коса за сушење и обликување. По миењето на косата и нанесувањето на регенератор или маска за коса, користете производи за заштита од топлина.

Сушење со фен. Прекумерната топлина може да придонесе во губење на влагата и дехидрација на косата. Денешните фенови имаат неколку брзини, па користете онолку топлина колку што ви е неопходна.

Пеглање само на сува коса. Експертите предупредуваат дека најдобро би било прво да ја исушите косата пред да почнете да користите преса бидејќи во спротивно, ризикувате дополнително да ја оштетите косата.

zastita-kosa-fen-presa-figaro-3

Објавено:
23 април 2013
Категорија: 
Убавина