Акција за поздрав: Бесплатни прегледи во мобилни гинеколошки клиники за жени од ранливи категории

2 декември 2021

Свети Николе е првата општина каде се извршија прегледи за рано откривање на ракот на грлото на матката во рамки на мобилните гинеколошки клиники.

Според информациите кои ги сподели организацијата УНФПА МК, преку 100 жени веќе закажале прегледи и во наредните денови, а мобилните гинеколошки клиники ќе опфатат и други општини низ државата.

 

„Целта на работата на амбулантите, коишто ќе бидат стационирани и низ други општини во наредните месеци, е да се зголеми бројот на жени и девојчиња од 15 до 61 година кои ќе направат бесплатен ПАП тест, да се зголеми инклузивноста на жените и девојчињата од ранливите групи и кои живеат во рурални и оддалечени места и да се подигне свеста за важноста од редовни контроли.

Во мобилната гинеколошка амбуланта се достапни и совети за родово базираното насилство и за планирање на семејството“, се вели во нивното соопштение.

Прегледите се бесплатни, а пријавувањето ќе се одвива преку матичните доктори. Инаку, оваа акција е во рамки на активностите на Министерството за здравство, Македонско лекарско друштво, Црвен Крст и УНФПА МК за зголемување на пристапноста и достапноста за здравствените улуги од СРЗ особено во услови на Ковид.

 

Објавено:
2 декември 2021
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
804 пати