Напредната и најсовремена апаратура достапна во ординацијата по ортопедија ПЗУ „БЕЛИОТ ЦВЕТ", во рамки на хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил", значително го подобрува корисничкото искуство на нивните пациенти и корисници.
Една од исклучително значајните услуги која што стручниот медицински тим во „БЕЛИОТ ЦВЕТ" им ја нуди на своите пациенти, е ехографска дијагностика на мускуло-скелетниот систем со најсовремениот Philips Affinity 30.
Се работи за примарен дијагностички метод за трауматски, воспалителни и дегенеративни промени, кој што е безопасен и безболен.
Преку овој метод се поставува дијагностика на:
-скинати тетиви, лигаменти и мускули
-ганглиозни цисти
-изливи во зглобовите и бурсите
-хондрокалциноза, калцификати во тетивите
Ултразвучен (ехо) преглед на колкови кај новороденчиња и доенчиња
За добрата здравствена состојба на новороденчињата и доенчињата, многу е значајно нивните колкови да бидат прегледани на возраст од 6 недели, 4 месеци, 6 месеци и по проодување. Развојната дисплазија на колкот кај новороденчиња и доенчиња може лесно да се спречи и во 95% од случаите успешно да се лекува САМО АКО се открие рано и на време.
Затоа, треба да се потенцира дека Philips Affinity 30 овозможува безболен, брз, стручен и прецизен ултразвучен (ехо) скрининг на новороденчиња и доенчиња.
Ултразвучниот (ехо) преглед на колковите кај специјалист ортопед е поефикасен начин за рано откривање развојна дисплазија на колкот во споредба со класичниот физикален преглед.
Ординација по ортопедија „БЕЛИОТ ЦВЕТ" е дел од реновираниот комплекс „Цар Самуил". Во рамки на ординацијата работи стручен медицински тим предводен од специјалист ортопед д-р Панче Мазнов.
Својот термин може да го закажете на:
Тел: 034 345 678
Моб: 070 239 522
e-mail: info@beliotcvet.com