Исповед: После три породувања и + 45 килограми го допрев дното

29 ноември 2021

Наташа Персон има 32 години и блог кој го посвети на жените кои се мачат да намалат килограми. Со оглед на тоа дека е активна и на тик-ток мрежата, таа таму објави кратко видео во кое го прикажува драстичното намалување на тежината.

@natashapehrson #weightlosstransformation #weightlosscheck #postpartumweightloss #weightloss #75hard #weightlossbeforeandafter #weightlossbeforeandduring ♬ she knows - favsoundds

 

Мајка е на три деца и досега успеала да намали 30 килограми. Сака да ги инспирира и другите луѓе да го сменат својот начин на живот, за да бидат пред се' поздрави.

-После три породувања и 45 килограми го достигнав дното. А кога ќе го достигнете дното, тогаш сте свесни дека требате да намалите многу килограми и тоа изгледа како невозможна мисија. Но, ако се фокусирате на еден по еден килогрма помалку, ќе ја достигнете својата сакана тежина и порано одошто сте замислувале. Јас цел живот водам борба со килограмите. Но, навистина ми се смачи да се кријам со облека, да плачам секој пат кога ќе тргнам во шопинг, на секоја фотографија да застанувам назад за да се сокријам. И затоа одлучив овој пат навистина да направам промена од корен -  вели Наташа.

Таа споделува и пет совети за луѓето што се препознаваат во нејзината приказна:

-Јас навистина пијам по 3 ипол литри вода дневно.

-Не пропуштам тренинг од 45 минути

-Секој ден правам по 10.000 чекори

-Следам план на изхрана и се придржувам на се' што пишува. Не сакам броење на калории, затоа имам план кој ми овозможува да јадам се', во одредени порции.

-И на крајот најважното: Доследност! Губењето тежина не се случува преку ноќ. Морате да правите досадни работи секој ден со месеци и тогаш ќе ги видите резултатите.

Повеќе за ова пишува и на нејзиниот блог, каде споделува и фотографии од нејзината визуелна и здравствена промена.

 

Објавено:
29 ноември 2021
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
4.484 пати