Јаткастите плодови се вкусни и честопати немаме мерка кога ги јадеме. Богати се со незаститени масни киселини кои помагаат во одржувањето на здравјето на срцето и мозокот. Исто така, добар избор се и на диетални влакна, па го регулираат метаболизмот и го намалуваат холестеролот во крвта.
Стручните лица велат дека јаткастите плодови е најдобро да се јадат во комбинација со овошје. Генерално, многу се калорични, па на пример, порција од 30 грама содржи помеѓу 150 и 200 калории.
Кои се петте најдобри јаткасти плодови по препорака на нутриционистите:
Ореви - одлични за здравјето на срцето и правилна работна на мозокот
Бадеми - имаат најмалку калории и добар извор се на витамин Е, еден од најсилните антиоксиданси. Го подобруваат здравјето на коските, ја подобруваат меморијата, а го решаваат и проблемот со опстипација. Помагаат и во борбата против воспаленија и опаѓање на когнитивните способности.
Бразилски орев - одличен извор на селен, кој го штити срцето, како и рак на простата, но не треба се претерува. Еден до два дневно се сосема доволно.
Кикирики - содржат група витамини Б, кои помагаат за опуштање на метаболизмот и енергијата, одлични се за трудници, затоа што го штитат плодот од разни оштетувања.
Лешници - добар извор на минерали, како магнезиум и фосфор, кои ги опуштаат мускулите, но и манган, одговорен за здрави коски.
Ако сакате да вметнете јаткасти плодови во вашата диета, имајте на ум дека оревите од макадамија и пекан оревите содржат најмногу маснотии, најкалорични се, па затоа бирајте нешто што е помалку калорично, како на пример бадемите, и јадете помалку количини.