Познати дами кои се остварија како мајки после 40-та година

26 јануари 2022

Мајчинството е убава тема. За некои жени болна тема. Трети жени се одлучиле да немаат деца. Некои се решиле да станат мајки на помлада возраст, други пак дали по сплет на околности или по лична желба, се одлучиле да се остварат во улога на мајка на средовечна возраст. Некои жени се решиле да станат мајки, без партнер. И секоја од овие одлуки е легитимна.

Секоја приказна за мајчинството е посебна, интимна и единствена.

Ако се следат статистиките на глобално ниво, возрасната граница на жени кои за прв пат се остваруваат како мајки се зголемува.
На пример, во 2013 година во Европа, просечната возраст на која жените родиле за прв пат била 28.8 години. Во 2018 пак, оваа возраст се зголемила на 29.3 години.

Се поголем е процентот на жени кои се остваруваат како мајки за прв пат после 40-та година и оваа листа им е посветена токму ним. Во продолжение ќе прочитате за познати дами кои за прв пат станале мајки после 40-та година.

Камерон Дијаз

Иако оваа холивудска убавица во нејзино интервју во 2014 година изјави дека не е создадена за да биде мајка, нештата се променија откако стапи во брак со музичарот Бенџи Маден. На 30 декември, 2019 година таа за прв пат се оствари како мајка на 47-годишна возраст и ја роди нејзината ќерка Радикс.

Дајан Кругер

Германската актерка Дајан Кругер за прв пат се оствари како мајка во 2018 година. Тогаш имаше 42 години и ја роди ќерката Нова, од која постојано споделува симпатични фотографии на инстаграм.

Хали Бери

Познатата холивудска актерка Хали Бери на 41-година го роди своето прво дете – ќерката Нала. Шест години подоцна, кога имаше 47 години го роди и синот Мејша.

Селма Хаек

„Мислев дека ќе имам потреба од медицинска помош за да забременам, но немав", во една прилика ќе изјави холивудската ѕвезда Селма Хаек, која ја роди нејзината ќерка Валентина кога имаше 41 година.

Ева Мендес

Актерката Ева Мендес со актерот Рајан Гослинг ја добија ќерката Есмералда, кога актерката имаше 40 години. Две години подоцна, Менденс забремени по втор пат и ја добија втората ќерка Аманда.

Објавено:
26 јануари 2022
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
4.011 пати