Во широкиот спектар на најсовремени услуги и третмани кои хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил" им ги нуди на своите пациенти и корисници е и новиот сеопфатен уред INDIBA Activ CT9.
Се работи за мултифункционален уред кој обезбедува ефективни и брзи резултати во физикалната медицина, како и во процесот на рехабилитација на мускулите, а е ексклузивно достапен во „Цар Самуил".
Голем број врвни спортисти, меѓу кои и фудбалерите на фудбалскиот клуб Барселона, како и тенискиот ас Рафаел Надал се само дел од спортските ѕвезди кои му ја дадоа довербата на овој уред кој важи за светски хит во физикалната медицина, а постојат многу причини зошто е тоа така.
Фото: INDIBA Hall of fame
Како функционира INDIBA Activ CT9?
Станува збор за радиофрекфентна терапија за постигнување на брзи и ефикасни резултати во процесот на рехабилитација и опоравување, а се користи и за обезболување.
INDIBA е електромагнетна струја која со помош на електроди се доставува до телото на радиофреквенција од 448kHz. Оваа струја постепено ја зголемува температурата на третираното ткиво. Зголемувањето на температурата предизвикува природна регенерација, обнова на оштетеното ткиво и намалување на болката и ограничувањето во дадено движење.
Овој уред е наменет за широк спектар на терапии во акутна или хронична фаза на лекувањето.
Треба да се потенцира дека може да се користи и за лечење на карлицата и дека не постојат контраиндикации кај пациентите со метални протези.
Целосно БЕЗОПАСЕН, БЕЗБЕДЕН и ЕФИКАСЕН метод.
Што може да се постигне со INDIBA Activ CT9?
Заедно со клиничкото знаење кое го поседува сертифицираниот и високо специјализиран тим експерти од „Цар Самуил", се постигнуваат до сега неспоредливи резултати за:
-Обезболување
-Зголемување на волуменот и интензитетот на длабокиот проток на крв во телото
-Зголемување на испораката на кислород и хранливи материи
-Зголемување на температурата на ткивото
-Забрзување на метаболизмот
-Смирување на воспалението
-Нормализирање на клеточната функција со враќање на потенцијалот на клеточната мембрана
-Стимулирање пролиферација на матични клетки
-Постигнување јонска рамнотежа
INDIBA Activ CT9 се користи и за:
-Мускулоскелетни заболувања, од акутна фаза до функционална реинтеграција
-Постоперативна рехабилитација, компатибилна со импланти
-Терапија на карлично дно
-Подготовка или закрепнување на спортисти
-Превенција на повреди
Закажете го вашиот термин во хидротермалниот медицински центар „Цар Самуил" на:
+389 72 211 011
contact@carsamuil.com
Со почит кон традицијата. Во чекор со модерното. Со помош на природата. Во служба на медицината.