Тенисерката Ана Ивановиќ објави своја козметичка линија

20 септември 2022

Негата на кожата е можеби најважниот чекор од рутината за убавина, без разлика н а тоа во која возрасна група се вбројувате. Но, колку што е важна секојдневната и внимателна грижа за кожата во борбата против несаканите ефекти на времето и околината, исто толку е важно и што точно содржат производите кои ги користиме доколку сакаме да постигнеме подолготраен ефект.

Поранешната тенисерка, Ана Ивановиќ, ја разбира потребата од козметика која на природен начин се грижи за здравјето на кожата, па ја зеде работат во свои раце и неодамна лансираше сопствена линија на производи за нега на кожата.

Брендот го носи името „Ana Ivanović Natural Performance", а Ана тврди дека производите се природни, ефективни и еколошки одговорни, содржат најмалку 92% природни состојки и не содржат наночестички. Според Ана, тие се специјално формулирани за да ја активираат максималната биоактивност кај нив.

Производите на Ана овозможуваат рутина од четири чекори што можете да се прспособи на различен тип кожа и стил на живот, а пакувањето може да се рециклира.

Ова се производите во колекцијата „Ana Ivanović Natural Performance":

Серуми

Првиот серум е оној кој го контролира производството на себум и ја намалува видливоста на порите. На страницата пишува дека е направен од 97,3% природни состојки и дека нема мирис.

Вториот серум е серумот Glow, кој го враќа сјајот и рамнотежата на уморната кожа и содржи 95,6% природни состојки.

Хидрантниот серум пак, ја враќа потребната влажност на кожата и ѝ дава мазен и еластичен изглед. Дури 98% од состојките се од природно потекло.

Фото: www.ana-natural-performance.com

Крем за лице

Дневениот крем за лице кој содржи 98% природни состојки ја прави кожата мека и хидрирана. Во согласност со одржливата политика на брендот, не мора секогаш да купувате ново пакување. Имено, достапно е и пакување кое можете одново да го полните, кое можете да го купите одделно.

Фото: www.ana-natural-performance.com

Крем за очи

Еден од најважните чекори во рутината за нега на кожата е грижата за пределот околу очите, а често забораваме на тоа. Доколку сакаме да ги елиминираме темните кругови и да ја хидрираме областа околу очите, не треба да ги прескокнуваме ваквите производи. Креот во козметичката линија на Ана содржи 97,7% природни состојки и нуди длабока хидратација на нежната кожа околу очите.

Фото: www.ana-natural-performance.com

Прашок за чистење лице

Овој производ е малку различен од другите средства за чистење, пред се поради форулата во која доаѓа. Прашкаст е, а сајтот тврди дека ја отстранува шминката и нечистотиите, а притоа хидрира и ја остава кожата мека. Доколку додадете малку вода во овој производ додека го користите, ќе добиете пена совршена за нежно чистење на кожата. Овој производ содржи 92% природни состојки.

Фото: www.ana-natural-performance.com

Објавено:
20 септември 2022
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
189 пати