Ин витро оплодување - што треба да знаеме и да очекуваме

22 март 2022

На патот до родителството, некои парови поради различни околности се соочуваат со потешкотии во остварувањето на саканата улога. Откако ќе бидат согледани сите солуции, некои од нив се одлучуваат за ин витро постапка за нивната желба да се реализираат како родители, да стане реалност.

Бидејќи ова е доста популарна метода, значајно е да се информираме што подразбира ин витро постапката, кога таа се препорачува, какви опции за ин витро оплодување постојат, но и кои се ризиците.

На сите овие теми разговаравме со Спец. Д-р Елма Абдула Хасанаговски специјалист гинеколог-акушер, која во продолжение ги потенцира сите позначајни информации околу ин витро оплодувањето.

Спец. Д-р Елма Абдула Хасанаговски специјалист гинеколог-акушер

Асистирана репродукција која вообичаено, разговорно се нарекува ин витро постапка опфаќа збир на медицински постапки со кои јајце клетки и сперматозоиди се спојуваат надвор од телото, во лабораториски улови (во буквален превод: во стакло), со цел да се постигне бременост. Ова е современа метода со која ние во Санте плус ја работиме рутински, и многу парови станале среќни родители токму на ваков начин.

Ин витро постапка опфаќа:
• Хормонска терапија за стимулирање на суперовулација и добивање на повеќе јајце клетки
• Ин витро оплодување-спојување на јајце клетката и сперматозоидот
• Враќање на ембрион во матката

Кога се препорачува ин витро постапка?

Доколку кај парот после една година незаштитени сексуални односи не дојде до бременост тогаш се наметнува сомнеж за неплодност. Кај жени над 35 год тој период е 6 месеци. Причините за неплодност, стерилитет се различни, но постојат 15% од случаевите каде и покрај најдеталните испитувања причината останува непозната (идиопатски стерилитет). Женскиот и машкиот фактор се застапени со 40% соодветно, а кај 20% од случаевите причини за стерилитет има кај двата партнера истовремено. Кај жените причините можат да бидат оштетни или непроодни канали, туби, хормонални причини, дијабет, ендометриоза, аномалии-неправилности на матката. А кај машкиот фактор најчести причини се низок или комплетно отсуство на сперматозоиди, хормонален дисбаланс, неподвижност на сперматозоидите. Сите овие набројани причини за стерилитет можат да се откријат при рутински анализи и рендген постапки. Во нашата болница пациентите можат да ги направат сите потребни анализи, а стручниот тим ќе им одговори на сите прашања и ќе им помогне да го најдат насоодветното решение за нивниот проблем.
Ин витро оплодување се препорачува и тогаш кога се направени сите потребни иследувања, и причината за неплодност е непозната, или во ситуации кога причината е позната, но истата не може да се надмине со медикаментозна или оперативна постапка.

Кои се ин витро методите?

Постојат неколку методи на ин витро оплодување и тоа се:

• Стандардна (класична) или ин витро фертилизација (IVF) – најголен број на процедури се изведува со оваа постапка. Една или повеќе јајце клетки се комбинира со сперматозоиди во лабораториски услови, и после оплодувањето, фертилизацијата, се формираат ембриони кои се развиваат до 3ти или 5ти ден, по што следи ембриотрансфер или нивно враќање во матката.

• Интрацитоплазматска инектирање на сперматозоид (ICSI) – во оваа процедура еден сперматозоид директно се вбризгува во јајце клетка, за разлика од класичниот ин витро метод во кој се комбинираат повеке сперматозоиди со јајце клетките.

• ин витро матурација (IVM) – Разлика помегу ИВМ и класичната ин витро оплодување е во тоа што јајце клетките се незрели кога се собираат. И тие созреваат во лабораториски услови.

• Оплодување со донирани јајце клетки, донирани сперматозоиди или ембриони– доколку не е можно да се добијат јајце клетки од пациентката поради недостапна функција на јајниците, или доколку партнерот/сопругот нема сперматозоиди, тогаш како алтернатива постои постапка за користење на донирани јајце клетки и семенски материјал. Постои можност за користење на дониран, готов, ембрион кој би се трансферирарл во матката на пациентката.

Доро е да се знаат и ризиците од ин витро постапките.

Ин витро постапките се одвиваат во строго контролирани лабораториски услови. Но исходот е непредвидлив. Или барем не секогаш. Очекувањата за исходот секогаш треба да бидат во согласност со информациите добиени од лекарот кој ја води постапката. Возраста на парот, оваријалната резерва, квалитетот на сперматозоидите, општото здравје на парот и др предуслови се ограничувачки фактори. Затоа се советува навремена консултација со лекар, гинеколог акушер кој е остручен за оваа проблематика. Современата медицина преку најновите методологии овозможува надминување на многу препреки кои стојат на патот до родителството.

Секогаш постои ризик добиените јајце клетки да не се со задоволителен квалитет. Таквите јајце клетки или не би се оплодиле или доколку се оплодат неправилно да се поделат и да дојде до застој во развој на ембрионот.

Во секоја ин витро постапка постои можност машката и женската полова клетка, сперматозоидот и јаце клетката да не се соединат. Најачесто се случува во ИВФ постапките но ретко при интрацитоплазматска инектирање на сперматозоид (ICSI).

Една од најчестите компликации при ин витро постапките е хиперстимулацијата. Во овој синдром јајниците на пациентката реагираат бурно на хормонската терапија која се користи, при што се зголемиваат целосно и се добиваат мноштво фоликули. Понекогаш поради интензитетот на хиперстимулацијата целиот процес мора да се прекине.

Ин витро фертилизацијата е скапа современа метода која непрестано се развива и усовршува се со цел милони парови да се остварат во улога на родители, а при тоа процесот да биде колку што може поумерен, помалку трауматичен за парот. Досегашните истражувања не покажале никаква поврзаност на оваа постапка со долгорочни здравствени проблеми кај децата зачнати на овој начин.
Ин витро постапката за многу парови останува единствена шанса да стигнат до потомство.

 

Објавено:
22 март 2022
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
756 пати