За прв пат во Македонија и на Балканот: GPS постурален анализатор Leonardo достапен единствено во ПЗУ “Белиот Цвет“ во комплексот „Цар Самуил“

26 април 2022

Динамично современо живеење, а фиксен животен стил стациониран пред технолошките уреди. Тоа е една од водечките причини за лошото статичко и динамично држење на телото, состојба која во последните децении добива пандемични размери и ги опфаќа сите генерации.

Седечката и неактивна положба на телото, со долги периоди на седење во фиксна позиција доведуваат до лошо држење и движење на телото, а од тука пак потекнуваат низа дијагнози кои го загрозуваат квалитетот на живот.

Секое функционално нарушување кое трае долго може да предизвика деформитет.
Затоа, од клучно значање е таквата состојба навреме да се детектира и на истата соодветно да се реагира со насочени програми за рехабилитација и вежби, за да се спречи трајно оштетување, односно деформитет.

Најважно е да се врати контролата врз постуралната хармонија на телото со прецизно идентификување на неправилните позиции и насочени корекции, со цел обнова и воспоставување на правилно држење на телото.

Токму во овој контекст е огромното значење на современиот и технолошки напреден GPS постурален анализатор Leonardo, сега ексклузивно за прв пат достапен во Македонија и на Балканот, во рамките на ПЗУ „Белиот Цвет" во склоп на комплексот „Цар Самуил", како дел од амбулантите за ортопедија и интервенции, со посебна амбуланта за постурална анализа.

Во што е важноста на овој ексклузивен апарат?
Leonardo е неинвазивен GPS постурален анализатор кој се користи за:
-анализа на статиката и динамиката на телото и
-скен на стапалата

Сите GPS постурални лаборатории, вклучително и Leonardo, имаат уникатен софтвер кој овозможува добивање и комбинирање податоци од различни потсистеми и гарантира дека податоците се снимаат на точен, повторлив и сигурен начин. Базата на податоци и снимки за секој пациент му овозможува на докторот да има увид на сите снимањата (пред и потоа) и прецизно да го евидентира напредокот на пациентот низ процесот на третман и рехабилитација.

Општите лекари, специјалистите ортопеди, физијатри, физиотерапевти, хиропрактичари, кинезитерапевти, остеопати и сите други професионалци кои се занимаваат со правилното држење и движење на телото ги препознаа уникатните придобивки од снимањата и анализите на GPS LEONARDO и интердисциплинарен пристап можат да дадат максимален придонес во навремената превенција, лекување и рехабилитација на пациентите.

Децениското истражување и искуство кои стојат зад GPS постуралниот анализатор Leonardo ни овозможува подобро да разбереме колку правилното држење на телото значително го подобрува квалитетот на животот, помагајќи во спречување, дијагноза и лекување на голем број дисфункции и повреди.

Со Leonardo, специјалистичката ординација по ортопедија „Белиот Цвет", предводена од Д-р Панче Мазнов, специјалист ортопед заедно со професионалниот и стручен тим, гордо застана во првите редови за анализа на статичко и динамичко држење на телото не само кај нас туку и во регионот, како и со понуда на иновативни дијагностички и терапевтски решенија за нивните пациенти.

Потребно е да го ресетираме телото и повторно да воспоставиме здраво држење, а сега тоа ние е овозможено преку безбедена и прецизна процедура.

Во видеото во продолжение, Д-р Панче Мазнов, специјалист ортопед, детално ни објаснува како функционира неинвазивниот GPS постурален анализатор Leonardo, но нѐ запознава и со другите специјалистички услуги што ги нуди ПЗУ „Белиот Цвет".

Специјалист ортопед Д-р Панче Мазнов

Закажете термин или информирајте се на:
034 345 678
070 239 522
info@beliotcvet.com

 

Објавено:
26 април 2022
Категорија: 
Здравје
Прочитано:
1.568 пати