Женската верзија на популарната машка фризура...

7 август 2015

Веруваме дека барем кај едно момче летово сте ја виделе хит фризурата – полу пунџиџка која баш и не раскажува некоја приказна.

Истата фризура, е неверојатно шик во женско издание. Покрај тоа што се прави за само неколку минути и со истата ќе изгледате како вистинска фраерка, таа е и навистина модерна и посакувана ова лето.

Оваа фризура досега можевме да ја видиме кај некои од најголемите светски трендсетерки меѓу кои и блогерката Кјара Ферањи, Сиена Милер, Ариана Гранде и уште многу други.

Ако имате пократка коса, одлучете се за мини верзија од оваа пунџиџка која што некако нам ни изгледа и најслатко.

Доколку косата ви е подолга, земете помал дел и завикајте го во неуредна пунџа која изгледа толку шик.

За француски шмек, доколку ви е време за промена на фризурата, слободно исечете шишки со кои оваа пунџа делува уште помодерно.

Објавено:
7 август 2015
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
3.715 пати