Зошто не треба да плачете кога користите спреј за самопотемнување?

16 јули 2019

Деновиве на социјалните мрежи студентка од Британија стана вистински хит откако објави фотографија по нанесување на спреј за самопотемнување.

И тоа ќе беше сосема во ред доколку во меѓувреме не гледала емотивна епизода од нејзиното омилено реално шоу „Love Island“.

За време на прикажувањето на емисијата, таа изумила дека нанела спреј, па се расплакала по што ѝ останале видливи траги на лицето.

„Немојте никогаш да плачете додека гледате „Love Island“, особено ако претходно сте ставиле спреј за потемнување“, напиша Ниам Куртин на нејзиниот Твитер профил и набрзо стана вирална сензација.

Во коментарите под нејзината објава таа доби бројни фотографии на девојки кои се соочиле со истото, кои по којзнае кој пат докажуваат дека плачењето и спрејот за потемнување не одат заедно.

А кога подобро ќе размислиме, ниту спрејот за тело не ви е потребен!

Во галеријата неколку фотографии од ултра смешни грешки слични на онаа на Ниам.

Инфо: tportal.hr

Фото: tportal.hr, diply.com

Објавено:
16 јули 2019
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.996 пати