Зошто потстрижувањето на сува коса е подобро?

13 јануари 2016

Многумина мислат дека постои универзално правило косата да се скратува кога е мокра, но тоа не е така. Некои од вас веројатно се запознаени со трендот на потстрижување на косата кога е сува.

Во светот овој начин сè повеќе се практикува, бидејќи за одредени типови коса и фризури дава далеку подобри резултати.

Во продолжение прочитајте ги причините поради кои следниот пат кога ќе одите на фризер ќе побарате „суво шишање“ на косата, секако доколку вашиот фризер знае да го прави тоа.

  • Благодет за кадравата и брановидна коса

Оние што имаат изразено кадрава коса знаат колку потстрижувањето на косата знае да биде стресно. Кога таква коса се скратува кога е мокра, крајниот резултат  многу често знае да биде незадоволителен, па дури и разочарувачки. Кога потстрижувањето се прави на сува коса, точно можат да се одредат местата каде е потребно скратување, со цел да се создаде една компактна целина.

  • Побргу ќе излезете од салонот

Со самото тоа што нема потреба да ја навлажнувате косата, па да ја сушите, па евентуално уште некоја корекција да се направи, со „сувото шишање“ заштедувате време и веднаш по завршувањето сте подготвени да заминете на саканото место.

  • За кршлива и тенка коса, односно влакно, ваквиот начин на потстрижување е понежен

Мократа коса е покршлива и еластична, а со честото чешлање додека ви ја скратуваат, таа уште повеќе се крши. Состојбата на косата далеку повеќе се подобрува со овој начин на потстрижување.

  • Изненадувањата се минимални

Кога косата е мокра, изгледа подолго, особено ако имате кадрава коса. Токму затоа при скратувањето на косата кога е сува, се знае точната должина и на косата и на истрижаниот дел, а факторот на изненадување (негативно) е минимален. Она што го гледате е  она што сте го добиле. Недоразбирањата помеѓу клиентот и фризерот се далеку помали.

  • Прецизноста е поголема

 

  • 100 % се прилагодува на вашата коса

Кога косата е мокра, голем број од фризерите само го следат начинот на потстрижување и движењата што ги научиле во текот на образованието. Но, кога косата се потстрижува сува, чинот е индивидуален и посебно наменети на клиентот што седи во столчето. Тогаш се крати косата „од око“ и се создава линија која при секое движење на вашата коса изгледа одлично и на свое место.

Објавено:
13 јануари 2016
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
2.039 пати