Зошто се дебелееме со годините?

13 август 2021

Како стареат, најголем дел од луѓето се соочуваат и со зголемување на тежината. Без оглед на нашите размислувања зошто е тоа така, ситуацијата не е неизбежна, вели струката. 

Со соодветни промени во живеењето, оваа честа појава може да биде минато. 

Зошто со годините добиваме и килограми?

Телото се менува, а со секоја нова животна декада се забавува. Со стареењето се менува и нашиот телесен состав. Се намалуваат мускулите кои ги согоруваат калориите, а се таложат масти.

Поголемиот дел од возрасните луѓе, во зрелите години немаат многу физичка активност, а продолжуваат да јадат како што јаделе на пример во 20-тите. Оваа комбинација на крај резултира со таложење килограми.

Струката вели дека еден од најдобрите начини за спротиставување на тоа е забрзувањето на метаболизмот со зголемување на мускулната маса, што може да се постигне со силови тренинзи неколку пати неделно - два до три пати, а кој може и повеќе. 

Ако ви се допаѓа да вежбате, после шест до осум недели, сменете ја фитнес рутината, за телото да не се навикне премногу на едни-исти тренинзи.

Уште некои од вообичаените грешки поради килограмите се таложат се и:

-часови поминати пред телевизија во комбинација со грицки

-поголемо количество алкохолни пијалаци

-прескокнување на појадокот

-нередовни оброци

-довршување на детските оброци

- внесување премногу јаглехидрати (шеќер, бело брашно) а премалку белковини.

Заклучокот е дека колку што сме повозрасни, ако сакаме да го избегнеме дебелеењето, мораме да се грижиме за себе. Да јадеме здраво, но тоа не значи да сме на рестриктивна диета. 

А еве што дополнително можете да смените во секојдневието за да го спречите таложњето килограми:

-2.000 чекори дневно

-обидете се да го намалите дневниот внес на калории за 100

-изедете два бисквита помалку од вообичаеното

-пијте што повеќе вода

-мајонезот сменете го повремено со сенф

 

Објавено:
13 август 2021
Категорија: 
Убавина
Прочитано:
1.071 пати