73 прашања со Бела Хадид
Таа е дефинитивно една од најпознатите манекенки во светот, а пред да стане модел, Бела Хадид цели 10 години професионално се занимавала со јавање коњи.
Токму таа се појавува во последното издание на рубриката 73 прашања на модниот магазин Вог, а истото е снимано на прекрасен ранч каде таа ги чува нејзините коњи и јава секојдневно.
Во видеото говори за нејзиниот прв коњ Лего, за тоа дека луѓето мислат дека не е воопшто фина сè додека не ја запознаат, дека обожува пеперутки, за тоа колку е опседната со фотографија и уште многу интересни работи поврзани со нејзиниот живот.
Раскажува и за тоа како ќе ги помине празниците и кои се нејзините најрани сеќавања поврзани со Новата година.
За сè останато, дознавате од видеото во кое Бела Хадид за Вог одговара на 73 супер интересни прашања.