„Ај Кју“ и Тони Зен со нова верзија на безвременската „Песна за Скопје (Градот Убав)“

Легендарната песна за Скопје на маестро Алаксандар Џамбазов и Бошко Смаќоски доживеа нова верзија од „Ај Кју“ и Тони Зен. Тие ги споија енергиите на оваа песна со надополнет и изменет текст и во еден сосема нов аранжман и како велат, вдахнаа нов живот на оваа песна која го има одбележано градот Скопје.

„Годинава за еден многу убав повод, оваа песна е дел од фестивалот Скопје Лајт Арт Дистрикт кој во моментов се оддржува под мотото „Градот зелен пак ќе никне“ во организација на Универзална Сала под покровителство на Град Скопје. Аранжманот го изработи Бојан Трајковски, а текстот го надополни Тони Зен“, велат од „Ај Кју“.

Песната е снимена во студиото „Подрумот“ за која микс и мастер изработи Ангел Ќосев. За оваа песна веќе се изготвува и видео запис со содржини од фестивалот на светлината „Скопје Лајт Арт Дистрикт“.

Како ви се допаѓа новата верзија?

Објавено:
21 август 2020
Прегледно:
178 пати