Алек Наумовски: Домот не е дом без милениче!

Ветеранот со изострено чувство за мода, Алек Наумовски беше гостин во единаесеттата епизода на Fashionel TV.

Во искреното интервју, еден од сопствениците на модната агенција Моделс Ин говори за неговите почетоци, за тоа зошто и по бројните понуди за работа надвор, сепак одлучи да остане во Македонија, но и за неговите модни фетиши во плакарот.

Наумовски во интервјуто уште еднаш ќе потенцира зошто е важно во модата никогаш да не се работи „кампањски“, а ќе посочи и на фактот дека само ако го работиш она што го сакаш, секогаш ќе имаш успех.

Тој ќе раскаже и дека денеска, сѐ повеќе се бараат уникатни и специфични девојки во модниот свет, односно девојки со приказна, харизма и особен идентитет што е за почит.

Сосема на крај, тој говори и за тоа какво уредување во домот обожува и потенцира дека ниту еден дом не е вистински сѐ додека во него нема милениче!

Уживајте!

Објавено:
3 март 2015