Александар Тарабунов има нова летна песна - „Маска од насмевка“

Нашиот пејач Александар Тарабунов има нова песна. Во пресрет на летната сезона, која официјално ни започнува утре, Тара ја израдува публиката со нов летен хит, каде доминира латино ритамот.

Песната е со наслов „Маска од насмевка“, текстот е на Робин Зимбаков, аранжманот на Роберт Билбилов, додека музиката на Александар Тарабунов.

Видео приказната е снимана во Црна Гора, поточно во Будва, па гледајќи го спотот, апсолутно ќе посакате што побрзо да заминете на одмор, да се опуштите и забавувате.

Режисер на видео записот е Зоран Зонде Стојановски, а го имате погоре.

Објавено:
20 јуни 2019
Прегледно:
291 пати